Гутереш: Верските лидери да се борат со штетните пораки што поттикнуваат пораст на ентонационализам, говор на омраза и конфликт

Date:

Share post:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика верските водачи да се борат со „неточни и штетни пораки“ што поттикнуваат пораст на ентонационализам, говор на омраза и конфликт во време кога во светот владее пандемија на новиот коронавирус.

Гутереш предупреди дека „екстремистите и радикалните групи се обидуваат да го искористат слабеењето на довербата во раководствата и да се хранат со ранливоста на луѓето за да ги постигнат своите цели“.

Тој додаде дека верските водачи би можеле да играат „клучна улога“ во борбата против предизвикот со коронавирусот.

Генералниот секретар посочи на вознемирувачкото зголемување на насилството врз жените и девојчињата во време кога се шири пандемијата.

Тој ги повика верските водачи категорично да го осудат таквото однесување и да ги поддржат заедничките принципи на партнерство, еднаквост, почит и сочувство.

Тој, исто така, ги повика верските водачи да се приклучат во борбата против дезинформациите за коронавирусот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...