Грузискиот Патријарх Илија Втори го поддржа територијалниот интегритет на Украина, посочувајќи дека и неговата земја го има ова горчливо искуство и повика на светски мир.
-Врз основа на горкото искуство на Грузија, знаеме колку е важен територијалниот интегритет на земјата. Затоа со болка ја следиме тензичната ситуација во Украина. Напоменуваме дека вчерашните и денешните настани се сериозна закана за крвопролевање, иако има простор за регулирање на ситуацијата. Тоа е и можност да се зачува светскиот мир. Ја молиме Света Троица да донесе мир на народот на Украина и на целиот свет. Бог на мирот нека биде со сите! Амин!“
За потсетување, Русија ја нападна Грузија во 2008 година. Слично на тоа, руските трупи влегоа на грузиска територија под изговор дека ги поддржуваат сепаратистичките области во Јужна Осетија и Абхазија, а потоа продолжија да навлегуваат во западна и централна Грузија. Жртвите на војната се неколку илјади, а бегалците -160,000.

