Грузиски епископ: Ова не е христијанство

Date:

Share post:

„Со децении наназад овој мачител тврди дека верува во еден Бог, но е зафатен со клање и крвопролевање на православните“, рече Батумскиот митрополит Димитриј, коментирајќи ги трагичните настани во Украина за време на својата празнична проповед за Благовештение.

„Денес православни христијани умираат и страдаат. Нивниот мачител, за жал, исто така е православен. Ние го знаеме тоа. Синот на царот Ираклиј II, Александар Батонишвили неуморно се борел против Руската империја. Како што велеше нашиот писател Константин Гамсахурдија, ние помниме на многу непријатели – Арапи, Персијци, Монголци, кои напаѓале на нашата земја, но ниту еден од напаѓачите не ги порази нашите најинтимни институции, имено царскиот престол и патријаршијата. Но, штом пристигнаа истоверните Руси, веднаш беа збришани овие две наши најважни институции – институцијата на царот беше укината, повеќето членови на царското семејство беа протерани во Русија, а патријархот Антониј II беше протеран во Новгород во 1811 година, каде неколку години подоцна загина трагично.

На сето ова категорично се спротивстави Александар Батонишвили, кој е наш народен херој. Тој неуморно се борел и бил принуден да се пресели во Персија. Погребан е во Иран, во близина на Исфахан, во дворот на ерменска црква. Многумина од регентите и од руските службеници го молеле да се врати и да му се потчини на рускиот император, но тој рекол: „Попрво би умрел во непријателска Персија, отколку да живеам во вашата лажна православна империја“.

„Со децении овој мачител (Русија), кој себеси се нарекува ‘православен’, се занимава со крвопролевање на православни. Немаше да бидам толку екстремен доколку не ја слушнев проповедта на патријархот. Тој на командантот на руската гарда му ја подари иконата на Богородица ‘Августа’. Немаше да има ништо посебно во ова доколку оваа икона не беше создадена на почетокот на 20 век како симбол на освојувањето на Европа за време на Првата светска војна, а тоа е знак – Божјата Мајка, која покажува кон Запад. Затоа јас денеска му се обраќам на рускиот патријарх и го прашувам: Рековте дека им служите на интересите на Русија. Кој е вашиот интерес – да убивате деца и да уништувате? Тоа не е христијанство!“

/DVERI.BG

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...