ГРУЕВСКИ: Наша заедничка мисија е да бидеме пример за идните поколенија

Date:

Share post:

Nikola-Gruevski-VMRO-DPMNE„Со прославата на овој празник сите ние ја славиме и одбележуваме историската посебност на Власите во целиот свет, влашката култура и традиција, а секако и слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во честитката испратена за денот ан Власите до Влашката заедница во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека соживот, како во минатото, така и денес, дава позитивен придонес во интерес на развој на нашето општество и нагласува дека Власите во Македонија од секогаш биле почитуван и ценет пријател, добар сосед и колега, луѓе кои со својата трудољубивост и посветеност дале голем придонес во остварување на нашите заеднички стремежи за подобра, поуспешна и просперитетна Република Македонија. Таквиот придонес, истакнува, позитивно ја афирмира влашката етничка заедница, влашката култура и посебност, со што директно го продолжувате позитивниот континуитет на вашите претходни генерации и успешно го трасирате патот за нашите идни генерации.

– Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да ја изразам својата надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да реализираме голем број проекти за нашата држава, да создаваме дела од значење за сите наши граѓани, бидејќи тоа е единствениот исправен начин за градење на нашата иднина. Тоа претставува заедничка мисија на нашата генерација која мора да биде позитивен пример за сите идни поколенија, за кои сите ние посакуваме да живеат во просперитетна, интегрирана, модерна и силна Република Македонија, се вели во честитката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...