ГРУЕВСКИ: Да бидеме пример за соживот, почит и разбирање

Date:

Share post:

– Бајрамските празнувања од секогаш биле можност да ги потенцираме вредностите кои ги носат големите празници и воопшто вредностите кои се темел на исламската, но и на повеќе други религии. Љубовта, помагањето, посветеноста на Бога и воздржувањето од лоши мисли се само дел од таквите вредности во чиј дух поминаа изминатите денови на пост, пишува Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во рамазанската  честитка испратена до Поглаварот на ИВЗ и до верниците од муслиманска вероисповест.

Nikola-Gruevski-VMRO-DPMNE– Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот, се вели во честитката.

Честитајќи го празникот, Груевски апелира на слога и заедништво во сите области кои се од заеднички интерес.

– Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Да бидеме пример за соживот, почит и разбирање кои ќе носат само позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Да се вложиме уште повеќе за економски напредок во државата, за привлекување на инвеститори, за развој на бизнисот, за нови фабрики и нови работни места. Да работиме уште повеќе за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок на земјоделието, образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Со заедничка работа да создаваме дела и вредности кои на следните генерации ќе им остават добар пример и позитивни пораки, истакнува Груевски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Зелински одобри санкции за 11 новинари за ширење руска црковна пропаганда

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одобри одлука на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) за воведување санкции врз 11...

Патријархот Порфириј предводеше годишна панихида за жртвите од несреќата во Нови Сад

Во присуство на неколку илјади верници, меѓу кои и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и високи државни...

Архиепископот Елпидофор: Технолошкото цунами нè повикува да ја зајакнеме Арката на спасението

На богословско-научна конференција во Бруклин, САД, посветена на темата „Дали божественото и дигиталното се пресекуваат?“, Архиепископот на Америка...

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...