101
0
Верски календар: 18 Септември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван Макиас.
Бил роден во 1585 година во Рибера дел Фресно во Шпанија. До 25-годишна возраст живеел мирен побожен пастирски живот. Потоа се одлучил да живее монашки живот во редот на Доминиканците. Се молел за грешниците, за душите во чистилиштето и за своето спасение. Додека им помагал на сириомашните, размислувал за човечката бесмртна душа. Свети Иван Макиас умрел во 1645 година.