Грчкиот митрополит бил на средба и со Владиката Тимотеј во Охрид

Date:

Share post:

Грчкиот Митрополит, г. Дамаскин вчера имал средба и со Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј во седиштето на епархијата во Охрид.

Митрополитот од Грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата Епархија, бил на поклоничко патување на светите места во вториот Ерусалим – Охрид и во духот на еден Христијанин изразил желба да се види и со надлежниот Архиереј, што претставува еден коректен потег од негова страна.

Двајцата митрополити пријателски поразговарале на различни теми од секојдневниот живот и размениле пригодни Пасхални подароци.

Истиот ден, Г. Дамаскин имаше средба и со Преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар.

ГАЛЕРИЈА:

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here