Грчки теолог: Вселенската патријаршија да создаде „транзитна зона“ за верниците во Украина

Date:

Share post:

Грчкиот теолог Павел Либерман ја изнел идејата за нова структура која ќе служи како „транзитна канонска зона“ – простор каде што верниците ќе можат да останат под покровителство на Патријаршијата, а притоа да не се чувствуваат принудени на брза одлука. Целта е процесот да не се претвори во политички „фудбал“, туку да остане во рацете на Црквата. Либерман нагласил дека ова нема да ја зајакне политичката позиција на Патријаршијата во Украина, ниту ќе се натпреварува со Православната црква на Украина. Напротив — има за цел да се обезбеди „црковна иднина за православието во Украина“. 

Идејата предвидува формирање на привремена екзархија во Украина како „домашно решение“ за оние верници кои не сакаат да останат во Украинска православна црква (која и натаму се смета од многумина за блиска до Руска православна црква), но истовремено не се подготвени или не сакаат веднаш да се приклучат на Православна црква на Украина. 

Дел од членовите на Православната црква на Украина изразиле сомневање во однос на оваа иницијатива, сметајќи ја за потенцијна инструментализација на Патријаршијата. Од друга страна, од Московската патријаршија оваа идеја се толкува како одговор на нејзината сопствена акција за формирање егзархија во Африка. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img