Голема литија со моштите на Свети Климент в недела во Крушево

Date:

Share post:

Крушевско-демирхисарската митрополија ќе организира голема литија со моштите на Свети Климент Охридски, патрон на МПЦ-ОА на денот кога црквата го празнува преносот на неговите мошти, в недела на 11 август.

Пред литијата во 17 часот во храмот „Свети Никола“ќе биде отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

-Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш македонски народ, светиот Климент Охридски! На Литијата ќе чиноначалствува Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање ќе одржи отец Предраг Попович на тема “Смирението и моќта”. Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот, велат  од Митрополијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...