Георгиј во прва посета на Бигорски – пречекан со биење на камбаните

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј го посети Бигорскиот манастир и отслужи прва литургија со братството за манастирската слава.

Отец Георгиј утрово беше пречекан со биење на манастирските камбани, а подоцна со свечена литургија беше одбележан денешниот празник.

Митрополитот Георгиј и епископот Партениј, подоцна присуствуваа на празнчната трпеза со огромен број верници кои дојдоа за славата.

-На крајот од свештеното богослужение, нашиот почитуван митрополит г. Георгиј се обрати до верниците со свое вдахновено слово за маченичкиот подвиг на свети Јован Крстител. Потоа, во свечениот манастирски синодикон, тој срдечно му се заблагодари на нашиот старец и на братството за топлиот манастирски пречек, истакнувајќи ги своето задоволство и чест што присуствувал и зел учество во една ваква манастирска слава. Воедно, тој му го честиташе триесетгодишниот јубилеј на дедо Партениј, нарекувајќи го прав владика, духовен татко на монаси, градител на материјални, но пред сѐ, на духовни светињи. Притоа, тој му подари на нашиот игумен архиерејски енклопион со иконата на светото Благовештение. Од своја страна, пак, старецот му се заблагодари на митрополитот за укажаната чест, подарувајќи му од името на нашата монашка заедница комплет архиерејски одежди и митра, специјално подготвени за него од рацете на нашите браќа монаси и сестри монахињи – истите со кои владиката Георгиј богослужеше денес, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...