Георгиј: Де факто сме автокефална црква, за де јуре е потребно целосно препознавање

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј смета дека на МПЦ-ОА иако де факто е автокефална, сепак де јуре таа се уште не е препознаена како таква. Во последното интервју за дневниот весник Вечер, Георгиј вели дека одлуката за признавање на канонското единство и сослужувањето е најважниот момент за нејзино препознавање како автокефална црква.

-Во своето управување, ние сме автокефална Црква од 1967 година.  Проблемот беше оној на прифаќање на нашата црковна реалност, што траеше повеќе од половина век. Дури пред три години, по одлуката на Српската православна црква да ја признае автокефалноста на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија, како и одлуката на Цариградската патријаршија за воспоставување канонско и литургиско единство, таа беше прифатена и признаена и од другите православни цркви.  Сега каноничноста на нашата света помесна Црква е препознаена од полнотата на сеправославната екумена. Сите сестрински помесни цркви сослужуваат со наши архијереи и јереи и нашиот верен народ се причестува насекаде. Доколку, пак, изникнуваат какви било недоразбирања меѓу помесните цркви, треба да се направи сѐ за да се надминат преку евангелски љубовен дијалог. Повторувам, Црквата ни е автокефална одамна, сега сме на патот кон тоа нејзината автокефалност, која е де факто признавана преку најважниот знак за препознавањето – сослужувањата, да биде прифатена од сите и де јуре. Сигурен сум дека ќе се случи тоа, вели Герогиј во интервјуто за весникот Вечер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...