ФРАНЦИСК: Ценете ги жените

Date:

Share post:

Francisk 4Во месечна видео-порака папата Франциск ги повика верниците ширум светот да ги почитуваат жените и да бидат ценети за важната општествена улога која ја имаат.

– Придонесот на жените во сите сфери е неспоредлива, почнувајќи од семејството. Но доволно ли е само ако признаеме?, праша папата на шпански.

– Треба да го осудиме сексуалното насилство на кое се подложени жените и да ги отстраниме пречките за нивно целосно интегрирање во општествениот, политичкиот и економскиот живот, истакна папата во пораката. Тој ја заврши пораката со молитва „во сите земји во светот жените да бидат почитувани и ценети за важниот придонес кон општеството”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img