Епископот на МПЦ-ОА, Марко посети српска и руска црква во Европа, но не и македонска

Date:

Share post:

Епископот на МПЦ-ОА, Делчевско-каменички Марко, минатата недела бил во посета на Франција, каде посетил два града и две цркви на Српската и Руската православна црква. Од објавите на епархијата за настаните, нема детали дали тој посетил некоја од црковните општини на МПЦ-ОА и дали служел литургија, исто како што служел и во црквите на СПЦ и на РПЦ.

Дел од верници на Европската епархија на МПЦ-ОА, реагираа до редакцијата на Религија.мк, прашувајќи зошто епископ на МПЦ-ОА, служи во туѓи цркви, а е во црквите на матичната Црква.

Прес службата на Делчевско-каменичката епархија објави дека на 30.09.2025 година, епископот Марко служел во храмот “Свети Архангел Михаил” во градот Милуз, во Франција. На Светата Литургија му сослужувале настојателот на храмот од Српската Православна Црква, како и свештенослужители од Руската Православна Црква, Бугарската Православна Црква и Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.

Два дена претходно, Епископот Делчевско-каменички Марко пристигнал во Милуз, кога ја отслужил првата литургија.

Два дена пак пред тоа, на 26 септември 2025 година, владиката Марко, бил во посета на ставропигијалниот храм на Руската Православна Црква во градот Стразбур, во Франција. Во навечерието на празникот началствувал на празничното бдение, и изнесувањето на Чесниот и Животворен Крст, во сослужение на домаќинот. Наредниот ден, во истиот храм, началствувал и на литургија.

МПЦ-ОА има своја епархија во Европа, каде надлежен архијереј е владиката Пимен. Информациите на Религија.мк од европската епархиаја велат дека за оваа посета на Франција епископот Марко нема побарано благослов од надлежниот митрополит. Но бидејќи Европа е територија на која јуриздикција имаат и дрги цркви што имаат дијаспора, и бидејќи епископот на МПЦ-ОА служел во храмови на две други Цркви, тогаш тој морал да има благослов од надлежните архиереи на тие цркви.

Македонските верници од Европа велат дека неспорно е епископот на МПЦ-ОА да може да патува во посета на други цркви во Европа, но се зачудени зошто не посетил ниту една од црквите на македонската дијаспора. МПЦ-ОА во Фрација има своја црковна општина во Париз. Ако релацијата од Стразбур или Милуз до Париз е долга, што може да биде оправдана причина, сепак најблиската црковна општина, со свој храм од Милуз е на само 100 километри во Тринген Швајцарија, релација пократка и од Стразбур до Милуз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...