Епископот Јаков: Православната црква минува низ сериозна криза на единството, не ни е потребно заземање страни

Date:

Share post:

Викарниот епископ на струмичката епархија, Јаков во божикното интервју за дневниот весник Вечер вели дека Томосот од СПЦ по својата содржина ги препознава напорите за автокефалност, но сепак потенцира дека тој ја упатува МПЦ-ОА на собопрно решение од сите помесни православни цркви. „доволно е кога е решението соборно и сеправославно и кога никој не е исклучен и „непотребен“, вели епископот Јаков во интервјуто.

-Хронолошки гледано, најпрво Неговата светост, вселенскиот патријарх, г. Вартоломеј, ја прими нашата Црква во евхаристиска заедница, што навистина е значаен и огромен чекор кон конечно решавање на нашиот црковен статус. Во однос на сè што се случи со СПЦ, важно е да напоменеме дека низ изминативе децении, ние бевме упатувани од сите помесни цркви, вклучително и од Вселенската патријаршија, да го решаваме нашето црковно прашање со СПЦ.

Дали го постигнавме тоа? Неговата светост, патријархот српски, г. Порфириј, и Соборот на СПЦ ни дадоа сè што можеа да ни дадат и ние добивме сè што може да се добие. Документот што го добивме по својата содржина ги препознава и признава сите стремежи на македонскиот православен народ за обновување на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, но, исто така, и нè упатува кон соборно решение, т.е. прифаќање и препознавање од сите други помесни цркви. Согласно со соборниот карактер на Црквата, „доволно е“ кога е решението соборно и сеправославно и кога никој не е исклучен и „непотребен“. Ако е решението православно, тогаш е љубовно и безусловно! Сè друго се обличја и сенки на кнезот на овој свет (Јован 12, 31).

Православната црква, во својата долга историја, има практика на решавање проблеми и поделби од секаков вид, практика што произлегува од традицијата. Во исто време, важно е да се напомене дека во овој конкретен историски момент, Православната црква минува низ сериозна криза на единството, а, преку тоа, и на поредокот што резултираше со рушење на многу принципи од сите страни. Последно нешто што ни е потребно е заземање страни при очигледните поделби. Напротив, треба да застанеме смерно, да стоиме добро, чувајќи ги единството и соборноста на Црквата, која живее во свет на поделби, конфликти и на војни, гледајќи како се „крева народ против народ и царство против Царство“ (Матеј 24, 7).

Православната црква е солта на овој свет, неговата надеж и нејзината сила е во соборноста и во единството, во верата и во љубовта кон Богочовекот Христос и на едни кон други. Нашиот Господ вели: „По што ќе ве познае светот дека сте мои ученици ако немате љубов помеѓу себе?“ (Јован 13, 35). Ако солта ја изгуби силата согласно со Евангелието, знаеме какви се последиците. Бог да нè сочува сите во Црквата своја собрани и во единство до крајот на вековите!, потенцира викарниот епископ во интервјуто за дневниот весник Вечер.

Отец јаков зборува и за темата „Родова еднаквост“ но и за изборот на нов владика на Дебарско-кичесвката епархија.

Целото интервју ОВДЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...