Во февруари 2024 година, епископот на Букоба и Западна Танзанија Хризостом, (Мајдонис) од Александриската патријаршија, привремено го превзеде раководството на новооснованата епархија на Руанда.
За првите месеци од својата служба, познатиот мисионер со болка зборуваше за разорувањето на православната мисија во оваа африканска земја: “Многу локални цркви на Александриската патријаршија страдаат од влегувањето на Руската црква во нашата јурисдикција, што доведува до сериозни последици. Но, во Руанда, каде што Православната црква беше млада, последиците се болни, додека во поголемите африкански држави последиците не беа толку видливи.
Во Руанда, православната мисија започна во 2012 година од страна на поранешниот почитуван епископ на Бурунди и Руанда, Инокентиј. Овој епископ, кој имал две држави под своја јурисдикција, вложил големи напори да го вкорени православието во оваа земја. Во последниве години, тој привлече многу поддржувачи на црковната мисија од Грција, но исто така и свештеници и верници од Романија и соседно Конго. Организацијата “Христос во Африка” од Романија, помогнала на православната мисија во земјата со волонтери и финансиски. Пристигнале свештеници од Романија, кои се населиле таму и помогнале ефективно, градејќи храмови и извршувајќи мисионерска работа. Постепено, локалните свештеници беа ракоположени и православието стана познато во Руанда.
И така, оваа млада црква се обидувала да издржи, додека дивиот поток на рускиот свет не ја преплави и претвори во рушевини. Од десетте локални свештеници и тројца ѓакони, шест свештеници и еден ѓакон биле насилно избркани од нивната црква, а нивната совест била купена со повисока плата. Останале уште четири свештеници и двајца ѓакони. Христијаните се расеале. Православието ослабнало, ја изгубило довербата на државата и општеството во Руанда, а стариот болен епископ жалел над рушевините на своето дело. Затоа патријархот Теодор од Александрија ја издигнал Руанда во епархија и испратил патријаршиски претставник од соседната епархија Букоба, за да се обиде да ја обнови таа црква.
Ова се последиците од немирите и граѓанските војни, кои, за жал, не се непознати на нашата мајка, светата Православна Црква, чие тело е покриено со рани од нејзините бесмислени деца! Останатото мало стадо ќе биде доказ за обединувањето на овој народ и земја со едната, света, соборна и апостолска црква на Христос. Веруваме дека Распнатиот и Воскреснатиот Господ ќе ја подигне Православната Црква од гробот на раздорот, ќе ја подигне Црквата во Руанда и ќе го протера ужасот од Африка.
Епископ Хризостом (Мајдонис) е многу активен духовник-мисионер, познат во многу православни цркви, вклучувајќи ја и Бугарија. Тој многупати ја посетувал Бугарија, одржувал предавања за православната мисија во многу епархии, бил редовен гостин на Православната недела на книгата, која се одржува во Варна. Како архимандрит тој работи во епархиите на Александриската патријаршија, особено таму каде што служат архиереи кои се монаси од Света гора. Тој помагал на православната мисија во Конго по покана на локалниот митрополит Никифор, кој е брат од Светогорскиот скит Мала Света Ана. Водел и антиеретичла активност во Солунската митрополија”.
/Двери.бг