Митрополитот Епифаниј, поглавар на автокефалната Православна црква на Украина и Патријархот Филарет ги возобновууваат контактите. Имале две средби во последните десет дена. Првата на 26 октомври во резиденцијата на Филарет, а втората на 5 ноември во Митрополитксиот Дом на ПЦУ. Овие средби се исклучително важни за единството на Правослацната црква во Украина, откако Филарет се дистанцираше по добивањето на Томосот за автокефалност од Вселенската патријаршија.
Двајцата отслужиле и заедничка молитва за украинските војници кои се борат против руската агресија во Украина. Повод за средбите е 30 годишнината од итронизацијата на Филарет за Патријарх на Украина и благодарноста кон него за неговата долгорочна служба во изградбата на автокефалната Православна Црква на Украина.
-Во текот на средбата беа споделени топли сеќавања за различни периоди од црковното служење на Патријархот Филарет. Исто така се разговараше за предизвиците од руската агресија и состојбата на привремено окупираните територии на Украина. Сите нагласија дека употребата на украинскиот јазик во богослужбата е темелен камен за нејзиниот развој и утврдување, при што беше истакнат и значајниот личен придонес на Светејшиот владикa во оваа област, стои во соопштението на ПЦУ.
Митрополитот Епифаниј истакнал дека постигнувањата на Црквата претставуваат цврст темел што веќе ниту еден непријател нема да може да го разруши.
-Слава му на Бога што можеме вака да се собираме и разговараме. Треба да покажуваме љубов и постојано да му благодариме на Бога за сите Негови благодати. Бог е љубов. Во Царството Божјо владее љубов, Бог од љубов го создаде светот и пострада. Затоа и ние треба да се сакаме еден со друг, нагласи Светејшиот Патријарх Филарет, пишува во соопштението.
Во знак на признание за заслугите на Светејшиот Патријарх Филарет во возобновувањето на Михайловскиот Златоврв Собор, по повод 25-годишнината од неговото осветување, му беше врачена Благодарница од Поглаварот на ПЦУ.
На средбатра присуствувале и митрополитот Лавовски и Сокалски Димитриј, митрополитот Донецки и Мариуполски Сергеј, митрополитот Белоцрковски Евстратиј и архиепископот Вишгородски Агипит.

