Ексклузивно: Новиот монах Георгиј е предлогот за нов митрополит во Охрид

Date:

Share post:

Новоизбраниот монах Георгиј е предлогот на Архиепископот Стефан за избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, дознава Религија.мкод извори во Синодот на МПЦ-ОА.

Архиепископот денеска предлогот го испратил до членовите на Синодот, а седницата за избор ја закажал за 12 јуни оваа година.

Во известувањето Архиепископот пишува дека го предлага јеромонахот Георгиј за ракополагање во епископски чин и избор на Митрополит за Дебарско-кичевската епархија.

Отец Георгиј, или поранешниот декан на Богословскиот факултет и ексамбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27 мај. Следниот ден на 28 е произведен за јероѓакон, а денеска избран за јеромонах. Според предлогот на Архиепископот на 12 јуни треба да биде избран за Епископ и за Митрополит, после само 16 дена од замонашувањето.

2 COMMENTS

  1. Site kanoni se preskoknati,vo dva dena monah, jeromonah pa Vladika.Tesko narodot so vakvi ,,Duhovni”otci

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...