Доживотен затвор за тројцата обвинети и Палевски, кој на суд тврдеше дека е наместен и поради активности за заштита на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Доживотен затвор пресуди судит за обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов, а ослободителна пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања. Судот ги прогласи за виновни за најсвирепо убиство и грабнување на малолетно 14 годишно девојче од Скопје, Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски-

Судијата Ивица Стефановски детално ги образложи причините за одлуката.

-На свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното оштетеното дете Вања Ѓорчевска на начин што изложувајќи ја на тешко психичко страдање со силен интензитет, во врзана состојба и онеспособена за отпор ѝ било предочено дека ќе биде убиена. Обвинетиот Љупчо Палевски со огнено оружје пиштол НН марка, калибар 9мм преку перниче кое го нашол во близина испукал еден куршум во пределот на главата на оштетеното девојче. Јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомневање дека обвинетиот Александар Ѓорчевски го сторил делото за кое се обвинува, рече судијата.

Судскиот процес за овој случај траесе десетина месецим, а за време на сведочењата, одбраната на обвинетите во неколку наврати ја спомнуваше и МПЦ-ОА.

Палевски, кој во своја одбрана тврдеше дека е наместен за убиствата и дека тој не е извршител, за време на распитот меѓу другото тврдеше дека планираните патувањеа за Москва и патувањето за Турција, не биле бегство, туку поврзани и со прашања од интерес на црквата.

-Причина за патувањето во Москва беше за да ги земам новгородските ливчиња од Јавната библиотека во Москва, поврзани со верски прашања за МПЦ-ОА“, рече Палевски на едно од судските рочишта.

Тој, но и останатите тројца обвинети од неговата партија, неколку месеци пред убиствата беа дел од акцијата за собирање пиотписи на декларација за заштита на името на црквата, декларација која беше иницирана од владиката Петар.

Боре Видевски, на едно од судските рочишта детално заборуваше за таа акција.

-Партијата Десна зазеде некои ставови кои јас ги поддржувам. Под одредени сознанија на претседателот на партијата, Љупчо Палевски, сметавме дека има некаква опасност да се смени името на МПЦ-ОА, во Црква на Северна Македонија. Се заземаа ставови. Првично се креираше една декарација за тоа прашање. Ние, членовите, имавме задача да ги собираме тие декларации од целата држава. Целта беше да се соберат најмалку 150.000 декларации, после да се направат митинзи, повеќе литии низ градовите во Македонија во тамошните цркви, рече Видевски на едно од рочиштата.

МПЦ-ОА никогаш јавно не се дистанцираше од Палевски и пред и по убиствата на Вања и на Панче. Палевски честопати јавно се закануваше и на дел од клирот на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...