Верски календар: 08 јуни
ИВЗ/ Времето денеска за ифтар и суфур
Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 14 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 2 часот и 44 минути.
Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.
За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна