Денеска Струга центар на најмасовната литија

Date:

Share post:

Во Струга денеска ќе се одржи традиционалната осма Ѓурѓовденската литија, на која граѓаните ќе може да се поклонат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.

Традиционалната Струшка литија е дел од културното наследство на Република Македонија.

Литијата ќе започне во 17 часот, по вечерната богослужба во храмот посветен на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец што ќе започне во 16 часот.

На литијата ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на својствен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Георгиј како покровител на полициските сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност секогаш се тука да го чуваат мирот и безбедноста во татковината. Меѓу возилото и литијата на коњ ќе дефилира посебен редар и најавувач на процесијата, со палмова гранка во раката како симбол на мирот кој, всушност, не го претставува Св. Георгиј Победоносец, туку само ќе биде облечен во традиционална римска трибунска облека од времето кога живеел светецот.

Оваа облека е изработена од автентични материјали и е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, а е дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја.

На чело на литијата ќе биде член од Бигорското братство кој ќе го бие клепалото, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град Скопје, чудотворната икона на Св. Георгиј Победоносец, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Тимотеј и други митрополити, и најпосле, најголемата светиња – моштите на Светиот во раскошно украсениот епитаф.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here