Верски календар: 11 Јули
ОД КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Бенедикт.
Бил роден во 480 година во Марсиј, во Италија. На 14-годишна возраст одлучил да се повлече во самотија и започнал да живее пустински живот во Сабиак каде изградил неколку манастири. Подоцна со својата заедница од монаси се преселил во Монте Касино. Со мотото: “Моли се и работи”, бенедиктинците ја спасиле културата на христијанскиот Запад. Тие биле први учители на народот. Свети Бенедикт умрел во 543 година.