Почетна Празници Денеска е свети Талалеј
Денеска е свети Талалеј

Денеска е свети Талалеј

633
0

Верски календар: 02 јуни

МПЦ-ОА/ Св. маченик Талалеј.

Св._Талалеј_Брест 2Овој Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар. Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници. Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стопалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја отсечат главата. Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *