Верски календар: 08 Јули
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Аквил и Присила.
Тие биле соработници на свети Павле. Тој постојано ја истакнувал својата благодарност кон брачниот пар свети Аквил и Присила, бидејќи тие му го спасиле животот. Покрај тоа, тие им дозволиле на христијаните да одржуваат молитви во нивната куќа. Во куќата престојувал и свети Павле. Нема податоци за времето и местото на маченичката смрт на свети Аквил и Присила.