Денеска е Свети Исакиј Далматски

Date:

Share post:

Верски календар: 12 јуни

МПЦ-ОА/ Преподобен Исакиј Далматски.

Sveti Isakij 2Овој Исакиј во четвртиот век беше монах-пустињак некаде на Истокот. Кога слушна за ереста на Ариј што го брануваше главниот град на империјата, ја остави пустината и дојде во Константинопол да учествува непосредно во борбата против аријанците. Во тоа време во Константинопол царуваше Валент. Кога овој се подигна со војска против Готите, Исакиј неколку пати го предупредуваше да ја ослободи црквата од ариевата ерес и најпосле му прорече дека ќе погине во борбите, што и се случи. А кога на тронот дојде Теодосиј Велики, кој слушна за ова пророштво, го повика при себе Исакиј и му се поклони. Во Цариград некој велможа му изгради манастир на Исакиј, каде светителот се подвизуваше до крајот на животот. Пред смртта му ја предаде управата на манастирот на некој Далмат, по кого и самиот манастир беше наречен Далматски. Свети Исакиј се упокои мирно во 383 година.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...