Верски календар: 08 Април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Јулијана Биларт.
Била родена во 1751 година во Франција. Кога имала 22 години била многу болна. Во 1789 година кога избувнала Француската револуција, Јулијана им помагала на свештениците кои биле прогонувани од револуционерниот состав. Во 1804 година чудесно оздравела и почнала да размислува за основање заедница која ќе се грижи за сиромашните. Целта на заедницата била бесплатно проучување, воспитување и грижа за сиромашните деца. Умрела во 1816 година.