Денеска е преподобен маченик Никон

Date:

Share post:

Верски календар: 05 Април

МПЦ-ОА/ Преподобен маченик Никон и 199-те ученици.

nikonСвети Никон беше родум од Неапол. Татко му беше незнабожец, а мајка му христијанка. Таа и го воспита во Христовиот дух. Како помлад тој беше офицер во римската војска, а подоцна ја напушти војската и се повлече во еден манастир при кизичкиот епископ Теодосиј, во Азија. После смртта на Теодосиј, неговата катедра ја наследи Никон. Подоцна Никон се пресели на Сицилија заедно со девет свои другари уште од војската и таму многумина привлече кон Христа. Беше погубен, заедно со своите 199 ученици, во времето на прогоните на императорот Декиј. Единствената вина на овој славен и беспрекорен маж беше неговата силна и цврста вера во Христа.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...