Денеска е Преподобен Јован Колов

Date:

Share post:

Верски календар: 22 Ноември

МПЦ-ОА/ Преподобен Јован Колов

jovan-kolovСе вбројува меѓу најголемите мисирски подвижници. „Колов“ значи малечок, а тој беше малечок по раст. Во Скитот дојде заедно со својот брат Данило и со преголема ревност се предаваше на подвиг, така што брат му Данило мораше да го насочува на умереност. Му беше ученик на Св. Памво, а подоцна на Св. Арсениј Велики. Негов соученик кај Св. Памво беше Св. Пајсиј Велики. Еднаш додека тој и Пајсиј разговараа каков начин на подвиг да превземат, им се јави ангел Божји и му нареди на Јован да остане на своето место и да ги поучува другите, а на Пајсиј да оди во пустината и да живее како пустиник. За да ја испита послушноста на Јован, Св. Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, с ѐ додека не зазеленее. Без размислување и сомневање Јован го залеваше ова суво дрво три години секој ден, додека навистина, со Божјата сила, не се раззелени и донесе плод. Тогаш Памво ги собра плодовите од она дрво, ги однесе в црква и им ги раздели на браќата, велејќи: „Пристапете и вкусете од плодот на послушанието!“ Јован Колов имаше мноштво ученици. Некои од неговите мудри изреки се сочувани. Се упокои мирно и се пресели во радоста на својот Господ.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...