Верски календар: 26 Април
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Марија на добриот совет.
Ако Марија во надприродниот ред е нашата духовна мајка, тогаш нема ништо поприродно ако побараме совет за нашите потреби. На својот животен пат, почнувајќи од апостолите во црквата, треба да и се помолиме и на Мајката Божја – Мајката на добриот совет. Тоа можеме да го направиме во секоја нејзина црква, пред секоја нејзина слика, во секој час. Никогаш нема да биде залуден обидот, ако на Мајката Божја и се обратиме за совет.

