Денеска е БлаженТеофилакт – Архиепископ охридски

Date:

Share post:

Верски календар: 13 Јануари

МПЦ-ОА/ Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски

sV-TEOFILAKT-OHRIDSKIТој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал „Толкувања“ на сите четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро дело од тој вид после оние на Св. Јован Златоуст, па денес се мошне драгоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата “ и „Животот на Св. Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и преминал во блажената вечност.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...