Делегација на Црквата на Крит оствари средба со Вселенскиот патријарх

Date:

Share post:

Делегација на Црквата на Крит остварила официјална посета на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград, со цел продлабочување на црковната соработка и размена на мислења за актуелни прашања од интерес за православниот свет, објави Orthodox Times.

Средбата се одржлаа во просториите на Патријаршијата во Фанар, каде членовите на критската делегација и претставниците на Вселенската патријаршија разговарале за заеднички иницијативи, црковни активности и начини за унапредување на духовниот живот во православните заедници. Делегацијата била предводена од митрополитот на Крит, кој ја истакнал важноста од континуирана соработка и меѓусебна поддршка меѓу помесните цркви.

Од страна на Патријархот Вартоломеј била искажана благодарност за посетата и за интересот на Црквата на Крит за зајакнување на врските со центарот на Православието. Вселенскиот патријарх ја потврдил својата поддршка за заедничкиот пат на православните заедници во справување со современите предизвици, истовремено потенцирајќи ја улогата на единството и братската солидарност меѓу помесните цркви.

Средбата била оценета како плодна и конструктивна, со заедничка уверување дека и понатаму ќе се одржува редовен дијалог и размена на богословски и црковни иницијативи меѓу Црквата на Крит и Вселенската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here