Деканот Ѓоргевски: Се наѕира праведно соломонско решение за црковното прашање

Date:

Share post:

Деканот на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски во изјава за МИА оценува дека сега конечно се наѕира можно праведно соломонско решение за македонското црковно прашање.

Во врска со писмото што Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија го испратил до Бугарската православна црква во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, тој посочи дека „на Балканот целото православие е „роднински“ поврзано, а речиси сите современи национални цркви како „мајка“ ја имаат Цариградската патријаршија“.

Тука, посочува, е и скоро осумвековното автокефално постоење на Охридската архиепископија, која низ историјата, исто така, имала свои рожби.

– Но, бидејќи го користиме мајчинството како парадигма за нашите црковни состојби, да се потсетиме дека тоа е исклучително голем дар, но и уште поголема одговорност, потенцира Ѓорѓевски.

Тој нагласи дека „вистинската мајка не се срами од своето чедо, не го обезименува, таа не е себична и се радува подеднакво, колку на денот на раѓањето на сопствената ќерка, толку и на денот кога таа ќе биде подготвена да си замине и да создаде сопствен дом“.

– Сега, пак, конечно се наѕира можно праведно соломонско решение за македонското црковно прашање. Во буквална смисла на зборот. Често употребуваната синтагма своето потекло го води од една библиска сторија, кога пред мудриот цар Соломон две жени ќе спорат која од нив е вистинската мајка на едно дете. Соломон ќе заповеда тоа со меч да се преполови и на жените подеднакво да им се подели. Едната веднаш се согласила и рекла: „нека не биде ни мое, ни твое: пресечете го!“, додека другата извикала: „дајте ѝ го на другата, само не убивајте го!“ И тогаш, и сега, која се покажува како вистинска мајка?, вели Ѓорѓевски.

Синодот на МПЦ-ОА на 9 овој месец испрати писмо до БПЦ во кое се бара да ја признае нејзината афтокефалност, а за возврат МПЦ би ја прифатила БПЦ како своја Мајка-црква.

За писмото и барањата на македонските владици засега нема официјален став ниту од МПЦ-ОА ниту од БПЦ.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...