Новиот бугарски патријарх Даниил ја продолжи одлуката на БПЦ и на првата литургија како патријарх , на Големиот вход, го спомна Архиепскопот Стефан како „Северномакедонскиот Стефан“.
На првата литургија, што се одржа понеделникот по изборот за Патријарх не учествуваше македонската црковна делегација, но не уествуваше ниту Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Вартоломеј од Софија заминал во неделата, а веројатно истиот ден и владиците на МПЦ-ОА, Тимотеј и Иларион.
За време на првата литургија на Даниил му сослужуваа владици од Александриската, Српската патријаршија и од црквите на Кипар, Грција и Албанија. Останатите гости од Руската, Ерусалимската, Грузиската и Украинската црква учествуваа молитвенон во литургија.