Црногорскиот премиер во посета на Вселенската патријаршија, нема детали дали е разговарано за можна автокефалност

Date:

Share post:

Црногорскиот премиер Дритон Абазовиќ вчера бил во посета на Вселенската патријатшија во Фанар, Истанбул, објави Вселенската патријаршија на својата веб-страница.

На посетата не присуствувал патријархот Вартоломеј, зашто бил во Имврос, во неговото родно место.

На својата веб-страна, Вселенската патријаршија објави и дека Абазовиќ го примил митрополитот Силивриски, Максим.

Во соопштението од Вселенската патријаршија пишува дека разговарале за функционирањето на Вселенската патријаршија, но и дека со гостинот размениле подароци.

„Премиерот на Црна Гора беше пречекан од директорот на Специјалната патријаршиска канцеларија и свештеници на Патријаршискиот суд, а потоа и од Патријаршискиот ѓакон г. Хиеронимос Сотирелис, кој го упати во патријаршиската црква, каде што го информираше за историјата и светите мошти што се чуваат таму“, пишува во соопштението од Вселенската патријаршија.

Во Црна Гора, покрај Српската православна црква, постои и Црногорска православна црква, која е непризнаена од останатите православни цркви.

Нејзините претставници се надеваат дека по признавањето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) на ред за решавање е црногорското црковно прашање.

Од средбата на Абазовиќ во Вселенската патријаршија, нема информации дали оваа тема била ставена на дневен ред.

Кога Дритон Абазовиќ стана премиер ги подобри односите на Црна Гора со СПЦ.

Минатата година беше потпишан и договорот меѓу СПЦ и Црна Гора, со кој беше воспоставена соработка меѓу државата и црквата.

/360 stepeni.mk

1 COMMENT

  1. Каква аутокефалност? Од кога? Коме? О чему ви причате?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...