Чувај се од она што мислиш дека си

Date:

Share post:

Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

Клучна грешка што таквите христијаните ја прават е тоа што не го восогласуваат начинот на својот живот со степенот на духовниот развој, и со местото и улогата што ги имаат во Црквата и општеството. Многумина не ни знаат дека воопшто постои некакво восогласување, а и тие што чуле – би требало посериозно да се однесуваат.

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

Многумина не размислуваат и не дејствуваат согласно новите личносни односи, кои се воспоставуваат со воплотувањето на Синот Божји од Марија Дева и Светиот Дух. Во Црквата, ние стануваме Божји синови, Богородица е наша мајка, а Богочовекот Христос е наш брат, по благодат. Тие остануваат религиозни, заробени од словото што убива.

Христијанскиот идентитет е единствен идентитет што Христијаните го имаат. Тие не можат да се поистоветуваат со држава, нација или партија, а притоа да не ја изгубат Божјата благодат, својот христијански идентитет, како и сето она со коешто се поистоветуваат. Христијанинот има само пастирски однос кон сите форми на овосветско човечко организирање и само поради тоа може на сите да им стане сѐ – само некого за Христос да придобие. И оваа јасна Евангелска порака испаѓа дека не е јасна.

И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Холивудските ѕвезди кај папата

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав...

Бискупот Киро Стојанов се сретна со папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, учествувал на генералната аудиенција, што на плоштадот Свети Петар во Ватикан...

Реконструкција на црква во Естонија затворена во времето на советската власт

Во северна Естонија, ентузијастот и долгогодишен љубител на црковната архитектура, Маргус Тамемее, го купил храмот-руината во селото Синалепа,...

Вероучителите во Србија изедначени со другите наставници

Со последните измени и дополнувања на Законот за образование, статусот на наставниците по верска настава е изедначен со...