Монашкото братство на бигорска Обител и Епископот Партениј, му го честитаа изброт на новиот архиепископ на Православната црква на Албанија, Јован.
-Го молиме Семилостивиот Господ да го укрепи и просветли во неговата возвишена и одговорна пастирска мисија, да му подари духовна сила, мудрост и љубов, за да ја води доверената му света Црква по патеките на Евангелието. Нека неговото архиепископско служење биде благословено и плодоносно, а неговото име запишано меѓу достојните архипастири на Светата Православна Црква. Во духот на братската љубов, се радуваме на неговиот избор и се молиме за него, за неговото стадо и за целата Православна Црква во Албанија. На многаја и благаја лета, стои во честитката.
Јован за нов архиепископ беше избран на 16 март. Го наследи архиепископ Анастасиј, кој почина на 25 јануари во болница во Атина а во периодот од 33 години по падот на комунизмот, беше на чело на албанската црква.