Честитка од Ахмети за Божик

Date:

Share post:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

ahmeti– Имам чест и задоволство, во име на сите нас при Демократската унија за интеграција и во мое лично име да ги изразам нашите искрени честитки по повод светиот празник Божик. Почитувани сонародници, браќа и сестри Албанци од православна христијанска вера, овој празник на надежта и вербата не наоѓа во момент кога во Собранието на Република Македонија, сега веќе, имаме и еден пратеник православен Албанец. Со гордост го нагласувам овој факт како еден пример на нашата вековна традиција на хармонија, почит и братство. Со надеж и доверба дека оваа година ќе биде година на меѓуалбанската соработка, ви посакувам среќен Божик, здравје, благослов и среќа во вашите семејства, се вели во честитката од Ахмети по повод Божик.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...