Часови по веронаука во храмот „Св. Илија“ во Скопје

Date:

Share post:

Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и во текот на новото 2025 лето Господово продолжува започнатата едиција на часови по Православна веронаука во храмот „Св. Пророк Илија“ во скопската населба Аеродром.

Часовите се одржуваат секоја среда со почеток во 18 часот, во помошните административни простории при храмот. Во текот на месец октомври предвидени се следните предавања:

15  октомври (среда): Смисла и цел на молитвата

Учењето на Господа Исуса Христа: Приказната за пченицата и каколот (Матеј 13, 24-30);

Читање и толкување на Новиот завет – 6 глава од Евангелието според Марко.

22 октомври (среда): Господовата молитва „Оче наш“

Учењето на Господа Исуса Христа: Приказна за милостивиот самарјанин (Лука 10, 25-37);

Читање и толкување на Новиот завет – 7 глава од Евангелието според Марко.

29 октомври (среда): Толкување на Господовата молитва „Оче наш“ – 1 дел

Учењето на Господа Исуса Христа: Приказаната за блудниот син (Лука 15, 11-32);

Читање и толкување на Новиот завет – 8 глава од Евангелието според Марко.

/литургија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...