Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Date:

Share post:

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да заузди какво било критичко мислење во редот на клирици на Бугарската православна црква. Без никакви сериозни аргумент, без каков било црковно-судски процес, и без издржано образложение, патријархот донел одлука да го суспендира од свештено служба архимандритот Никанор во рок од 30 дена. Таканаречениот Агрос, санкцијата изречена за Никанор, беше преименувана од 30 на 15 дена, откако веста одекна во бугарската јавност и предизвика лавина од критички реакции.

Во соопштението на софиската митрополија пишува дека таа одлуката ја донела поради системски прекршувања — „неизвршување или несовесно извршување на црковните правила, определбите на овој Устав, службените обврски или законитите наредби на црковната власт“.

– Согласно член 190, точка 14 и во врска со член 207, точка 2 од Уставот на БПЦ — БП, на архимандрит Никанор (Мишков), игумен на манастирот „Св. св. безсребреници и чудотворци Козма и Дамјан“ кај с. Гигинци, му се изрекува црковна казна „аргос“ — целосна забрана за свештенослужба во траење од 15 дена, со почеток од 23 октомври 2025 година, стои во соопштението.

Отец Никанор во изјава за бугарските медиуми вели дека санкцијата од софиската митрополија се случува истиот ден откако ти ги пречекал украинските деца во манастирот.

– Токму истиот ден, откако ги испратив децата и тие заминаа, бев повикан во митрополијата, изјавил отец Никанор, кој ја опишува средбата како „садукејски суд“, на кој не добил јасен одговор зошто е повикан токму сега, но претпоставува дека причините се многу подлабоки од формално наведените.

– Не можам да тврдам дека има поврзаност — само Бог знае. Но тоа е многу непријатно совпаѓање. Глупаво совпаѓање. Го предупредив дека токму сега оваа казна ќе биде непријатна, дека ќе предизвика токму тоа што сега предизвикува. Тој само ја заврте главата. Е, нека е со здравје, изјавил Никанор.

Веста за забраната за служење на Никанор, утрово ја објави и црковниот портал на МПЦ-ОА, Литургија. Во веста лесно се препознава доза на одобрување за одлуката, но и сериозен обид за манипулација и спинување на причините поради кои е донесена оваа одлука. Литургија.мк, од само ним познати причини побрза да објави дека „Никанор на македонската јавност и бил познат по своите коментари кон МПЦ-ОА, од кои БПЦ се оградила“ и на тој начин доведувајќи ја во корелација одлуката на софиската митрополија небаре со овие причини. Но срамниот обид за спинување, произлезен од официјално гласило на МПЦ-ОА, нема никаква врска со одлуката на софиската митрополија. Напротив причината е во некаква ревизија за работењето на манастирот во кој Никанор до скоро беше игумен.

Но, зошто Литругија.мк се обидува да спинува, има и своја цел и намера. На бугарската јавност сосема и се јасни причините поради кои патријархот Даниил се одлучил да го санкционира Никанор. А тие лежат длабоко во неговите критички ставови за позиционирањето на БПЦ во православниот свет, осудата на улогата на Руската црква во руската окупација на Украина. Тоа е истиот модел што почна да го спроведува Рускиот патријарх Кирил кој расчини десетици клирици на Руската црква, кои на еден или на друг начин се спротивставија на неговите јавни поддршки за Путин.

Истиот модел сега го спроведува и Српскиот патријарх Порфириј, кој поведе судски постапки против теолози, а сега и против еден владика, кои јавно ја критикуваа СПЦ и Порфириј за нејзината поддршка за Вучиќ, наспроти студентите.

За очекување е истиот тој модел да биде пресликан и во МПЦ-ОА, која пак пред две години на сличен начин се обиде да се пресмета со Религија.мк.

1 COMMENT

  1. Професионален спинер набедува некого, и тоа еден солиден црковен сајт за обид за спинување? Целосна забрана за служење за одреден период кон свештеник била, е и ќе биде вообичаена педагошка мерка во сите локални Цркви без исклучок. Толку ли безвреден дар ви се чини можноста свештеникот да светотаинствува? Се дава ли секому тој дар? А откако ќе се даде некому, со каков трепет тој треба да ја чува светињата на тој дар! Епископите, секако, ги потсетуваат свештениците одвреме-навреме за возвишеноста на тој дар и на фактот дека се работи за дар. Постојат и други слични мерки: испраќање во сиромашна епархија на долг рок, без изгледи за приход со кој би преживеал казнетиот и неговото семејство, освен ако во истраен смирен подвиг на доброволно лишување, самопреобразување и лично восовршување не достигне преобразба и на себеси и на околината и околностите. Факт е дека просечниот современ свештеник во многубројни парохии е всушност добро ситуиран човек, и неговото семејство има солидни материјални услови за пристоен живот, или барем за живот еднаков на просечните современи семејства. Факт е и дека таа комоција може да го разводени подвигот на свештеникот (ете како во вашиот пример, па тој да почне да се гледа себеси како еден вид авторитет или верски активист итн.). Но, современиот свештеник по вокација не може да се разликува од свештениците на сите времиња: тој е должен да живее во континуиран подвиг на покајание, пост, молитва, смирено служење на ближниот во кого Го препознава Христа Распнатиот. Во Православието постојат две можни патеки: свештеникот (како впрочем и секој христијанин/активен верник) или ќе живее во процес на безусловно послушание кон својот Епископ и духовен отец или ќе се раководи сам, но со безусловно исполнување на Христовите заповеди. Ако го избрал вториот пат на самораководење, па ако чекорел по него на автентичен начин, никој не би ни дознал дека свештеников бил казнет, а камоли таква една ситна мерка да се рашири вирално по цел свет. Како велат: оној кој не сака да биде послушен кон еден на крајот ќе мора да биде послушен кон сите (тоа е изборот на самораководењето, бидејќи да ги исполнува човек заповедите самостојно значи да и’ се потчини на сета твар; дури и ако не го направи тоа доброволно, Сам Господ, со текот на духовните законитости ќе го одведе во ситуација каде ќе мора многу повеќе да се самоунижува и многу побудно да служи одошто да прифател послушание кон својот духовен отец). Со други зборови овде се занимавате со некакво квази Православие, со некакво величање на бунтовни свештеници кои си умислиле дека се политички активисти и го напуштиле тесниот пат на внатрешно дејствување. Со некакви лажни ревнители за мир во Украина или за спокојот и благосостојбата на украинските деца. Автентичниот свештеник знае дека неговата молитва во осама има многу поголема преобразувачка сила од не знам какви средби, јавни апели, поддршки и слични самопромоции. Ако не знае за тоа, значи дека тој одамна Го напуштил Христос Кој вели: “А ти кога се молиш, влези во својата тајна одаја, затвори ја вратата и помоли Му се на својот Отец, Кој е во тајност, и Он Кој гледа тајно ќе те награди јавно” (Мат. 6, 6). Слабо се молат тие ваши јунаци и поборници за мир, утешители на настраданите. Очигледно не успеваат да го привлечат вниманието на Господ со галамата што ја создаваат наоколу.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...