Бугарскиот патријарх ги благословил македонските поклониц кои викенодов беа во посета на Бугарија

Date:

Share post:

Група верници од храмот „Свети Николај Мирликиски“ во Аеродром, предводени од надлежниот свештеник, отец Бобан Митевски два дена биле на поклоничко патување во Република Бугарија.

b-5Групата македонски верници, која со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан ги посетила храмовите во градот Софија: катедралниот храм „Свети Александар Невски“, храмот „Света Софија“, храмот „Свети Николај Чудотворец“, кој воедно е подворје на Руската православна црква и во кој се чуваат моштите на неодамна прогласениот светител – Архиепископот Серафим Соболев, била пречекана со голем почит од претставници на Бугарската православна црква.

b-6-На крајот од посетата на Софија, верниците се поклонија и на дел од моштите на светиот Лука Војно-Јасеницки во храмот „Света Недела“, кои со благослов на Московскиот патријарх и на цела Русија г. Кирил, беа донесени на поклонение во Р. Бугарија. Покрај средбата со светителот-хирург, чиј култ меѓу верниците во Р. Македонија е застапен, групата се израдува и од средбата со Неговата светост, Патријархот Бугарски г. Неофит, од кого сите примија благослов, вели Отец Бобан Митевски, кој го предводел поклоничкото патување во Бугарија

b-2Македонските верници биле во посета и на манаститрот на светиот Јован Рилски, каде биле примени со љубов и топло гостопримство на ноќевање.

-Утредента верниците земаа учество во светата Литургија. На враќање, во Македонија групата го посети и манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, каде што се поклони на моштите на овој наш преподобен отец, посочува свештеникот на МПЦ.

/РЕЛИГИЈА.МК

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img