Бугарската патријаршија и официјално ја потврди смрта на Патријархот Неофит.
-По продолженото лекување на Военомедицинската академија во Софија во 22 часот и 22 минути, поради откажување на повеќе органи, се претстави во Господа Неговата Светост Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит. Ги повикуваме православните христијани на своја искрена молитва заедно со светата православна црква до семилостивиот Бог да ја упокои душата на нашиот мил Патријарх во царството Божјо. Изразуваме благодарност до раководството на Военомедицинската академија за грижата што ја пружаше за Светиот патријарх, стои во соопштението на БПЦ.

