Бугарската православна црква во два наврати во рок од само една недела објавува соопштение од Синодот на својата официјална веб страница и два пати го повлекува. Првиот пат, Синодот дури и побара од медиумите кои го пренесоа да го повлечат, со образложение дека тој текст на тоа соопштение не е одобрен и разгледуван од Синодот.
Една недела подоцна, истото соопштение повторно е поставено на официјалната интернет страница на БПЦ. Медиумите останале зачудени и побарале одговор од канцеларијата на Синодот, дали соопштението е официјално за објавување, но одговор не добиле.
Неколку часа подоцна, соопштението повторно е повлечено до веб страната на БПЦ.
Бугарските медиуми, саркастично забележуваат дека новинарите ќе мора да ги проверуваат информациите од БПЦ, макар тие и официјално да биле соопштени.
Инаку, соопштението на БПЦ се однесува на заклучоци на Бугарската црква, во врска со најавениот Голем собор на Православната црква, кој треба да се одржи во јуни на Крит.
Извор: двери.бг

