Борбата против радикализацијата стратешка определба на Конгресот за локални и регионални власти на СЕ

Date:

Share post:

Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа ќе работи на стратегија за борба против радикализацијата во градовите и регионите на земјите членки на оваа паневропската организација, јави допиосникот на МИА од Стразбур.

seВо извештајот претставен од страна на пратениците Јозеф Нојман од Германија и Берт Бувместер од Холандија, Конгресот се повикува да ги консолидира своите активности во оваа област со донесување на методологија за промоција на плурални и инклузивни и културно разновидни општетсва во Европа и за воведување на концепт на „меѓукултурен дијалог“ во своите иницијативи за промоција на дијалогот меѓу различните култури и религии.

Со усвоената резолуција се повикуваат локалните и регионалните претставници да придонесат за овој дијлаог преку ресурсите на системот за организирање на меѓукултурни и меѓурелигиски активности.

Документот, исто така, повикува на приклучување кон Сојузот на европските градови против насилниот екстремизам, во врсак со кој Конгресот и Европскиот форум за урбана безбедност ќе одржат Самит на градоначалници на 9 ноември 2016 во холандскиот град Ротердам.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img