Петар Богојевски, политичар и иницијатир на Македонски Концепт им понуди сместување на негов имот на странските државјани од Еврејската религиозна група Лев Тахор. По серијата прогони на групата, Богојевски на Фејсбук им понуди заштита.
-ЛЕВ ТАХОР. Прогонувани од сите, жени и деца со нивните сопрузи, само зашто практикуваат фундаментален Јудеизам! Тој Јудеизам го осуди Бог, но нас Тој не научи на прошка и солидарност!
Антисемитизмот мора да запре! Оваа група Евреи, јавно ги поканувам да се сместат на мој имот во Крушево, да најдат мир и достоинство, да презимат… да бидат згрижени додека тоа им е потребно од Македонија! Немам комуникација со Еврејската заедница во Македонија, но слободно можете да ме контактирате, за да Ви помогнам!
Бог е голем, а ние смртните може само да помогнеме! Мое беше да ги поканам, а тие си знаат, напиша Богојевски на Фејзбук.

