Двајцата главни протагонисти на руските црковни интереси во БПЦ, Владиците Ловченски Гаврил и Видински Данаил, влегоа во потесниот избор за нов бугарски патријарх, а третиот е митрополитот Врачански Григориј, со што изборот на следен поглавар на БПЦ се сведува на избор на помалото зло, вели бугарскиот црковен историчар и новинар, Горан Благоев, за бугарската БТВ.
Дополнително црковниот историчар Дилјан Николчев, пак, вели дека со изборот на Гаврил и на Данаил е нарушен уставот на БПЦ, бидејќи тие се избрани со по 9 гласови, а им биле потребни за избор 10 архиерејски гласа.
-Според мои внатрешни информации за време на првите гласања фаворити биле други, но не го добиле потребниот број гласови. Професорот Дилјан Николчев посочи дека со изборот на Гаврил Ловченски и Данаил Видински е прекршен Уставот, затоа што неопходни им биле по 10 гласа, а тие имаат по 9. Има основа да му се верува на професорот Николчев, вели тој.
-Срамно е што Гаврил и Данаил се јавни проповедници на руското влијание во БПЦ. Тоа се двајцата митрополити кои излегоа со позиции контра Цариградскиот патријарх Вартоломеј, кој ја призна независноста на православната црква во Украина. Откако има независна украинска држава, треба да има и самостојна украинска црква, вели Благоев за БТВ.
Според него сега се’ се сведува на избор на најмалото од трите зла.
-Како што се оцртува тоа е Врачанскиот митрополит Григориј. Моите проценки се дека тој е наклонет кон проруското лоби. На Бугарската црква и требаше авторитетен Патријарх. Но сакам да напомнам за гледачите дека онаа клучна фраза на Пловдискиот митрополит – „Ни на ум не ви доаѓа кој ќе биде избран“, тогаш луѓето се поведоа дека тој агитира за Русенскиот митрополит Наум. Но „На ум не ви паѓа“ значеше – „Штом јас сум приморан да се откажам, ела да видите кој ќе ви наместам за патријарх“, коментира Благоев.
„Можеби, точно поради нивото на религиозност на Бугарите, а не на дејствителната вера, ние го добиваме тоа, коешто го заслужуваме. Исто како во политиката. Безличните играчи, кои повторно го наполнија парламентот. Истото е и во Црквата – го заслужуваме тоа“, дополни новинарот.

