Битолчани со масовна литија го прославија Свети Нектариј

Date:

Share post:

Преспанско-пелагониската епархија и општина Битола во неделата го прославија празникот Свети Нектариј Битолски, со голема литија на улиците и на широк сокак во Битола.

Преносот на чесните мошти на св. Агатангел Битолски беше централен настан во одбележувањето на денот на заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски.

Според востановената традиција и одлуката на општинскиот Совет за прогласување на Свети Нектариј Битолски за заштитник на градот, локалната самоуправа и Преспанско-пелагониската епархија организираа повеќе програмски активности за одбележување на денот на Свети Нектариј Битолски, македонскиот светец од 15. век, роден  битолчанец кој својот живот го завршил на 5 декември во 1500 година, сметано според стариот црковен календар.

Претходно во храмот Свети Димитрија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенството од Битолското Архиерејско намесништво отслужи Божествена Литургија.

На Литургијата присуствуваше и градоначалникот на градот Битола, Владимир Талески, како и мноштво верници кои дојдоа заеднички да го прослават споменот на заштитникот на градот.

ГАЛЕРИЈА: / ППЕ


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here