Почетна Вера Нов свештеник во Повардарската епархија
atr-145
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
8
7
6
5
4
3
2
1

Нов свештеник во Повардарската епархија

854
0

Досегашниот ѓакон, дипломираниот теолог Ѓорѓе Лазов од Кавадарци е новиот свештеник на Повардарската епархија. Чинот на ракополагање го извршил Митрополитот Агатангел на денот кога Црквата го чествува споменот на светиот великомаченик Георгиј, во манастирот посветен на овој светител во Неготино.

Во своето слово, Митрополитот Агатангел најпрво им го претставил новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрекол поука до новиот свештенослужител, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со свештенослужители од велешкото и кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија, отслужиле и света литургија.

ГАЛЕРИЈА: /Повардарска

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *