Бискупот Стојанов му го честита 25 годишниот јубилеј на Неговото блаженство г.г. Стефан

Date:

Share post:

На 8 октомври 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов беше во посета на Неговото блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, и во таа прилика во негово име и во име на Католичката црква му го честита 25 годишниот јубилеј од востоличувањето на тронот на Охридската Архиепископија возобновена во лицето на Македонската правослвна црква.

Монсињор Стојанов му посака на архиепископот здравје и долг живот и со Божји благослов понатаму да ја води Македонската православна црква – Охридска архиепископија во нови успеси.

Во знак на внимание бискупот Стојанов на архиепископот г.г. Стефан му подари икона Марија Утешителка од Светилиштето во Паљурци. Неговото Блаженство изрази благодарност, посакувајќи Божји благослов за доброто на сите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...