Бигорски од заборав враќа во живот уште еден древен манастир

Date:

Share post:

Бигорската обител, монасите и монахињите враќаат од заборав уште едно древно светилиште на МПЦ-ОА.

Заедно со добронамерни пријатели на манастирот организирале работна акција за цистење на остатоците од некогашниот Дримколски манастир.

Остатоците од храмот посветен на Соборот на Свети Архангел Михаил – Манастирец се наоѓаат во Долни Дримкол. Идејата е да се очисти целата внатрешност на објектот за да биде приспособен за прва литургија.

-Благодарение на вашите молитви и посветеноста на работниците доброволци, изминатиов викенд, на 29/30 јуни, со благослов на нашиот почитуван Старец, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, внатрешноста и надворешноста на некогашниот величествен храм беа сосема очистени, така што се стигна до самата основа на црквата. Беше навистина прекрасна глетка да се видат неколку десетици доброволци од локалните дримколски села: Модрич, Луково, Нерези, Прискупштина, Безово, Јабланица и други, како пожртвувано се трудат во оваа благородна мисија. Се разбира, не изостана помошта и на благочестивиот г. Новче Чавкоски – Ноче, кој самиот работејќи со специјални дигалки, многу помогна за изнесувањето на камењата од внатрешноста на храмот. Драгоцена беше помошта и на г. Борче Марковски од Битола, кој штедро обезбеди специјална механизација и стручен тим, велат од Бигорски.

Во акцијата отворен пристапен пат и израмнување на површината околу остатоците од некогашниот монументален храм, кој со текот на времето беше целосно обраснат и тешко пристапен.

Првата Божествена Литургија во Манастирот на Светиот Архангел Гавриил е предвидена за 26 јули оваа година, на празникот Собор на Свети Архангел Гавриил, кога била, всушност, главната слава на Манастирот.

-Според Божјата милост и помош, во иднина е планирано возобновување на Манастирот, се разбира, доколку за тоа се обезбедат соодветни средства. Затоа, секој придонес во иднина, без оглед на големината, е добредојден, бидејќи ќе ни помогне во обезбедување на неопходните материјали и ресурси за возобновувањето на древниот Манастир во Долни Дримкол, метох на Свештената Бигорска Обител, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...