Бесплатни верски календарчиња за Македонците во Албанија од МПЦ

Date:

Share post:

Македонското друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 година, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија.

Во име на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и на Македонците голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

-Како друштво, веќе неколку години по ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари, рече Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”.

Додава дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добие календар треба само да се контактира со друштвото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Киевски: Нашата Црква надмина многу предизвици

Третиот форум на воени капелани на Православната Црква на Украина денес официјално беше отворен во просториите на Киевската...

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, со благослов на Митрополитот Георгиј ќе служи во Рајчица

Mитрополитот на Имврос и Тенедос,  Кирил од Вселенската патријаршија ќе биде повторно гостин на МПЦ-ОА. Бигорскиот манастир објави...

Иванов на гости кај Георгиј

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со учесниците на 16-та школа за млади лидери, што се одржува во Охрид,...

Владиката Петар удри по Владиката Јован – кратко траеше хармонијата во МПЦ

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар жестокот го нападна митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован, во гостување на поткастот НатКаст со Љупчо Цветановски. Гостувањето на...