Бесарабската и Молдовската митрополија влегоа во нов судир поради преминувањето на свештеници кон Романската црква

Date:

Share post:

Бесарабската митрополија при Романската православна црква остро реагираше на соопштението на Молдовската митрополија, структура на Московската патријаршија, кое го осуди преминувањето на 11 свештеници кон романската јурисдикција.

Според Бесарабската митрополија, Кишињевската структура намерно ја доведува јавноста во заблуда користејќи го називот „Православна црква на Молдавија“ и претставувајќи се како единствена канонска власт во земјата. Романската страна дополнително обвинува дека Молдовската митрополија со години е политички вмешана, дека ширела антироманска реторика и дека нејзините санкции кон преминатите свештеници се правно ништовни.

Напнатите односи меѓу двете црковни структури се заострија по септемвриските избори во Молдавија, кога меѓународни медиуми, меѓу кои и Reuters, објавија дека дел од свештениците на Молдовската митрополија биле користени за политичко влијание преку „поклонички патувања“ во Русија, телеграм-канали и финансиска поддршка. Овие практики предизвикаа негативни реакции во општеството и дополнително го ослабија авторитетот на Московската патријаршија.

Преминувањето на повеќе свештеници и заедници кон Бесарабската митрополија Романската црква го толкува како „враќање кон историската и канонска традиција“. Од Кишињев пак, тврдат дека располагаат со автономија врз основа на томосот од 1994 година и предупредуваат дека ограничувањето на нивната дејност е „закана за општествениот мир“.

Бесарабската митрополија смета дека структурата на Московската патријаршија во Молдавија се наоѓа во длабока внатрешна криза и повикува на дијалог и оставки од најкомпромитираните јерарси. Истовремено бара итно укинување на сите санкции против свештениците што преминале под романска јурисдикција.

Сегашната состојба покажува дека политичките тензии во Молдавија директно се прелеваат во црковниот живот, создавајќи уште појасно разграничување меѓу проевропските и проруски ориентираните верски заедници. Според аналитичарите, процесот може да има долгорочни последици врз црковната карта во земјата, како и врз влијанието на Москва во регионот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...